Thursday - 21 November, 2024
Home
About Us
News
Reports
Videos
Links
Contact
Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
The Rainbow Party
» Introduction
» New Manifesto
» Old Manifesto
» Principles
» Founding Principles
» Organisation
NEWSPAPER
ZORA
NEWSLETTER
Следете нè на:
Aκολουθήστε μας στο:
Follow us on:
ΕFA-Rainbow supports the right of the Catalan people to decide on their future and joins the EFA campaign "Catalonia decides"
MAKEDONSKI.ORG
INTERNET RADIO
A selection of Macedonian blogs in Greece
Abecedar
Aegean Macedonian Culture
Antimakedonismos
Mladini-Makedonci
Anti-macedonian policy during the elections for the European Parliament against Rainbow by the Greek state and the Greek mass media
A scandal by the Parliamentary committee
Greek TV stations sabotage EFA-Raibow
Ultra-nationalists want "borders with Serbia"!
"Hellenic Post" sabbotages EFA-Rainbow Campaign
Typical example of censorship of Rainbow
Attack of the Greek Neo-nazi party
A Greek - Macedonian dictionary by Vasko Karatza printed with the support of EFA - Rainbow
Greek
Macedonian
D. Lithoxoou
lithoksou.net/home.html
"Extracts of Letters"
Τι έλεγε κάποτε το ΚΚΕ για τους Μακεδόνες
Denying Ethnic Identity:
The Macedonians of Greece, by Human Rights Watch
Linguistics and politics II:
Macedonian Language
Greece's stance towards
its Macedonian minority
and the neighbouring
Republic of Macedonia.
Lawed Arguments
and Omitted Truths
R. Nikovski: Memorandum to the European Parliament
Facts behind the Greek politics towards Macedonia
English
Macedonian
"Proposed disciplinary measures to stamp out the Macedonian minority in Greece by the National Security Service"
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО ГРЦИЈА
Членка на Европската Слободна Алијанса – Европска Политичка Партија (ЕСА - ЕПП)
Членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)
Стефаноу Драгоуми 11 ТК.. 53100 P.O 51, Грција; Тел/Факс 0030 23850 46548
Вебсајт:
www.florina.org
; Е-маил:
rainbow@florina.org
Соопштение за медиумите
За скриените „страсти“ на еден спор - Вештачкиот проблем на Грците
Лерин - 27 март, 2008
Името на државата „Република Македонија“ е „најнеутрално“ реалистично име за соседната земја кога станува збор за „технички решенија“. Политичкиот додаток „Република“ опишува политичко-државен субјект. Во меѓународно користење на „Republic of...“ го сочинува идеалното решение кое го опишува политичко-државниот субјект на една независна земја која нема никаква политичка врска со територии во соседните земји.
Познато е дека веќе со години функционира релативно „нормално“ соработката меѓу двете држави и на билатерално и на меѓународно ниво со користење на „описното“ име „поранешна Југословенска Република Македонија“ согласно со одлуките на ОН на почетокот на 1991 кога беше поставено прашањето од страна на Грција по независноста на соседната земја.Како прво, не се предвидува да се користи скратеница на „името“ ФИРОМ ниту на меѓународно ниво ниту во „билатералниот договор“ меѓу двете земји. Поконкретно, не се предвидува за привремено користење скратеницата „П.Г.Д.М“ на грчки, или „FYROM“ на англиски за „former Yugoslav republic of Macedonia“, туку се предвидува користење на целосното „описно“ име без „скратеници“ и на билатерално и на меѓународно ниво во врска со ОН, до решавање на „проблемот“.
Но, уште од почеток, Грција систематично ја „турка“ скратеницата F.Y.R.O.M. или FYROM во разни форуми, меѓународни унии, федерации како што се спортски, културни, и на грчко и на меѓународно ниво, одбегнувајќи го користењето на „описното“ име „како ѓаволот од кандило“, бидејќи со тоа се одбегнува користењето на делот од „описното име“ Македонија и писмено и усно. Во грчките медиуми многу често ќе го забележите користењето на ПГДМ или FYROM, или и на уште посмешната ФИРОМ со грчки букви во грчката јавност како доказ за погоре наведеното. На меѓународно ниво се настојува Грција да ја турка скратеницата (смешно) во асоцијации и меѓународни сојузи како што се за рибари или за ловџии. Претставници на грчката држава, следејќи ги упатствата на МНР, ги вознемируваат управите на разни меѓународни институции, барајќи користење на скратеницата или ако тоа не успее, користење на „описното име“ правејќи ја така Грција резил во странство.
ПРЕСВРТОТ-ОТКРИТИЕ
Многу е јасно дека нашата земја потпишала (Привремена спогодба) дека нема право да поставува пречки за влезот на соседната земја во меѓународни организации со „описното име“ „поранешна Југословенска Република Македонија“ и тоа е децидно наведено во Привремената спогодба. Познато е дека малку пред „ветото“ на самитот на НАТО во Букурешт, Грција го користеше и го почитуваше „описното име“ на соседната земја (или скратеницата како злоупотребување) многу години по „истечената“ граница на важењето на Спогодбата во 2002 година. Значи, според грчката практика, неформално беше продолжено важењето на Спогодбата од 2002 година до денес. Ако грчката страна тврди (Хашкиот суд по процесот од страна на соседите поради попречување на влез во НАТО) дека Спогодбата нема обврзувачки карактер бидејќи поминаа седум години по потпишувањето во 1995, тоа не држи вода.Зошто не го почитуваше - односно зошто го попречи влезот на соседната земја во НАТО?
Бидејќи баш оваа активност ги открива скриените „страсти“ и „желби“ за распаѓање на соседната земја. Постојаното попречување на Р. Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија и меѓународните организации има за цел да ја дестабилизира. Грција смета дека е „добро“ за грчката политика да остане соседната земја надвор од НАТО или ЕУ, надвор од овие две моќни организации. „Самаровците“ инвестираат во времето надеж за „распаѓање“ на соседната држава, истовремено „молејќи“ се за меѓуетнички тензии (албанско-македонски) со цел внатрешно дестабилизирање на Република Македонија. Ова е националистичка политика, политика на креирање непријател, која ја применува „длабоката држава“ на Грција во последните две децении.
Одбивањето да се користи уставното име на соседната земја од страна на грчкото МНР на меѓународно ниво, се објаснува со „аргументи“ поврзани со „иредентизам“. „Мачкање на политика“ со аргументи за „наследни права“ поврзани со цивилизацијата на античкиот свет. Главно се повторуваат постојано ставовите внатре во Грција наменети за граѓани кои „пасат трева“ заситени, веќе со децении, од „митови“ на националистичката идеологија. Кога ќе се осмелат грчки дипломати во странство да повторат слични „историски“ аргументи, многу пати добиваат барем иронични насмевки. Се забележува пресврт во последните години од страна на грчкото МНР, од „историското аргументирање“ кон политики на прикажување на „иредентистичка“ политика на соседите.
АКРОБАТСКИ ПОЛИТИКИ
Грција во последно време тврди дека мора да постои географска одредница пред зборот „Македонија“ на соседната земја, што се однесува на таканаречениот проблем со неприфаќањето на Грција окулу користењето на уставното име на соседната земја, како „добра“ основа за „решавање“ на проблемот. На меѓународно ниво постојано нагласува дека се работи за првиот „компромисен чекор“, „великодушно“ повлекување од првичниот став „не име со збор Македонија“, очекувајќи соодветен чекор од „другата страна“. Грчката надворешна политика тврди - аргументира дека користењето на името „Македонија“ од соседната земја содржи иредентистички погледи против Грција бидејќи го „монополизира“ терминот „Македонија“ со користење на уставното име на државата. Овој став на Грција е хипокритичен, контрадикторен, опасен за мирот во иднина поради неколку причини.
Поконкретно, дискусијата-предлог окулу „чекор напред“ на грчката политика во врска со географските одредници како Северна или Горна Македонија, логично создаваат размислување дека постои „поделена“ Јужна или Долна Македонија. Анализирајќи по автоматизам кој било логичен човек ќе размисли и ќе се праша: Зошто Северна и Јужна Македонија се поделени? Дали се како Кореја или Виетнам? Дали би требало да се споени? Не е случајно дека иредентизмот во нашата земја во врска со Северен Епир сонува „спојување“ со Епир, со „Мајката татковина“ со Грција. Околу „Горна Македонија“ се спомнува во грчката националистичка идеологија за грчка античка Македонија каде што во рамките на Македонското кралство постои територијата Горна Македонија, во денешниот јужен појас на Република Македонија. Секој грчки националист ќе помисли дека денешниот-антички јужен појас на државата не се „ослободил“ во текот на балканските војни 1912-13. Кој било предлог на „решение“ со географски одредници ќе сочинува храна за грчките националисти да сонуваат спојување-освојување на „Горна Македонија“. Нормално не се исклучува дискусиите за географските одредници со тек на времето да ги дујат мозоците на живописните националисти од соседната земја. Ги сметам како „живописни“ идеологиите од кого било и која било политика да се изразуваат во една мала, сиромашна, слаба земја која не може да применува каква било политика на идеи за голема држава.
Името на државата „Република Македонија“ е „најнеутрално“ реалистично име за соседната земја кога станува збор за „технички решенија“. Политичкиот додаток „Република“ опишува политичко-државен субјект. Во меѓународно користење на „Republic of...“ го сочинува идеалното решение што го опишува политичко-државниот субјект на една независна земја која нема никаква политичка врска со територии во соседните земји, бидејќи многу едноставно тие се географски „Македонии“ (Бугарија, Албанија) или географски-административни субјекти, територии (Грција). Тие територии не се политички-државни субјекти како на пример федерации или автономни територии со исто име ниту во Грција, ниту во Албанија ниту во Бугарија. Во нашата земја се само административни територии кои ја опишуваат административната поделба во Северна Грција со политичка-географска одредница како „Периферија на Западна Македонија“, „Периферија на Централна Македонија“, „Периферија на Источна Македонија“, што така не се поврзува со државниот субјектен статус на нашето соседство. Многу е јасно дека нема да има подобро решение од уставното име на соседната земја.
МАТЕМАТИКАТА НА БАКОЈАНИ
Госпоѓа Бакојани „згасна на лушпа од банана“ со нејзините изјави окулу поделена Македонија при нејзината неодамнешна посета во САД. Грешка за поделена Македонија. Грешка дури и за процентите на деловите на географскиот простор на Македонија како што се определуваат во последниот век границите на територијата.Еве што изјави Бакојани на поставено прашање: „никој не посакува да смени име на никого....би сакала да нагласам... Македонија е голема географска територија. 51 отсто припаѓа на Грција, 38 отсто припаѓа на Бугарија...не познавам точно...мислам 27 отсто на FYROM и 1 отсто на Албанија“.Пример на недостиг од знаење околу прашањето - трема, или проблем со математиката? Зошто 100 отсто станува 127отсто?
Општо, изјавата на Бакојани и аргументацијата на грчкото МНР дека се бара географска одредница поради стабилност на територијата и осудување на „македонскиот иредентизам“ е во суштина апсолутната контрадикторност на Бакојани и на „советниците“ кога зборуваат за припадност, односно за делби. На крај, кога госпоѓа Бакојани и кој било друг споменува делби и поделени територии, особено таква дискусија за македонското прашање, акробатски решенија и вежби на именување, „ја тера водата на воденицата“ на националистите и тука и таму. Кај живописните таму и кај сериозните тука. Храна за балканските национализми за следните децении. Продолжува да постои постојана реторика и политика со цел креирање непријател, политики со фрлање кал против една мала сиромашна и слаба земја. Изразувач на оваа карактеристична политика е Самарас и „Самаровците“. Карактеристични исто така се и изјавите во весникот „Катимерини“ и државниот ТВ-канал НЕТ каде што меѓу друго го поддржува „попречувањето“ на влезот на соседната земја во НАТО и во ЕУ, имајќи надеж дека инвестирајќи во времето ќе се распадне Република Македонија. Во овие рамки не се исклучува можноста грчкото МНР да „игра“ освен со географски одредници и со „нови“ одредници како што е „Нова“. Во суштина негирање на правото за избор на идентитет каде што од една страна се бара „нов“ идентитет и „нов“ јазик за соседите и од друга страна апсолутно присвојување во континуитет на античкиот македонски свет од страна на Грција. Тоа што во суштина посакува грчкото МНР е како што вели народната поговорка „со еден куршум два зајака“. Класична националистичка античкоболна политика. Доказ за несигурност на современата реалност на Грција со својот идентитет, која постојано копа во античкото минато.
На крај, негирањето на основното право на соседната земја да го користи нејзиното уставно име на билатерално и меѓународно ниво и настојувањето за географски или други „нови“ одредници, има за цел да ја „денационализира“ соседната земја со посредно или непосредно непризнавање на идентитетот на народот на Република Македонија. Тоа е клучот на прашањето и суштината на грчката националистичката политика од 1991 до денес. Непризнавањето на државата, на идентитетот и на јазикот е составен дел на грчката политика која се применува од сите министри и влади од осамостојувањето до денес. Грција не го признава правото на самоопределување на секој народ. Не само што тоа е навреда кон народот на соседната земја туку суштинска причина да не постои заемно почитување меѓу народите, нациите, државите. Таа во суштина е „априори“ непријателска политика на Грција, непродуктивна за Балканот и Европа воопшто, хипотека на негативни стандарди во нашата земја што се однесува до новите генерации на нашите сограѓани.
П.С. Првиот чекор што треба да го направат политичарите и соодветните институции во Грција е да го известуваат и да го едуцираат грчкото општество окулу основното универзалното човеково право и принцип за самоопределување за која било индивидуа или колективитет. Со други зборови треба грчките политичари да го информираат грчкото општество дека секој колективитет, секој народ има право да избира идентитет и име. Исто како што направија со самоопредулувањето на народ на мешавината на новосоздадената грчка држава пред 180 години. Да!
Павлос Филипов Воскополус (авторот е член на Политичкиот секретаријат на европската слободна алијанса - Виножито, политичката партија на македонското малцинство во Грција)
Извор:
Дневник
Back to previous page
Back to top
EFA-Rainbow Archives
Γιατί να ψηφίσω
την ΕΕΣ-Ουράνιο Τόξο
Click here
to read the Abecedar!
Promotion of the
Macedonian Language
Primer at the OSCE HDIM
English
Greek
Macedonian
Greek irredentism and expansionism officially sanctioned by the Greek Parliament
English
Greek
Macedonian
Letter to Carla del Ponte,
Chief Prosecutor for the UN International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia
English
Greek
Macedonian
The Yugoslavian Crisis
English
Greek
Macedonian
Document of the Ministry
of Foreign Affairs
Related to the article - The obvious linguistic particularity - Eletherotypia, 18/11/2006
English
Greek
The ten Greek myths
on the “Macedonian issue”
By IOS team – Eletherotypia, 23/10/2005
Who says there are no
minority languages in Greece?
The "secret" census
in north Greece, in 1920
Map showing the Cultures and Languages in the E.U.
Council of Europe
Framework convention for the Protection of national minorities
English
Greek
Macedonian
Συνέντευξη: Ευάγγελος Κωφός, Έλληνας ιστορικός
Δημοκρατία της Μακεδονίας - Σκόπια είναι όνομα που εκφράζει την ταυτότητά σας
Greek
Macedonian
Ο Παύλος Φιλίποβ Βοσκόπουλος απαντά στον Ευάγγελο Κωφό.
«Το Μακεδονικό ζήτημα είναι η αχίλλειος πτέρνα του ελληνικού μύθου».
Greek
Macedonian
Home
•
About Us
•
News
•
Reports
•
Media
•
Links
•
Contact
© 1997-2015 EFA-Rainbow, All Rights Reserved.