ОБСЕ СИЧД
– РАБОТНА
СЕСИЈА 10:
Изјава на
Г-дин
Зоран
Тодоров,
член на
делегацијата
на
Република
Македонија,
користејќи
го
правото
на
реплика
за време
на
утринската
сесија на 9
Октомври
(демократски
институции
и
слободни
избори)
read this page in English
|
read this page in Greek
Г-дин
Модератор
Дозволете
ми во
името на
делегацијата
на
Република
Македонија,
да
реплицирам
на
изјавите
кои ги
дадоа
истакнатите
претставници
на Грција
и
Бугарија.
Одговорот
на
прашањето
за
(не)припаѓање
на
национално
малцинство
не е
суверено
право на
државите,
а кога го
кажувам
тоа мислам
на
параграфот
32 од
Копенхашкиот
документ:
(цитирам)
„Припадноста
на некое
национално
малцинство
е прашање
на
индивидуален
избор на
личноста и
не смеат
да
произлезат
никакви
проблеми
од
практикувањето
на таквиот
избор“.
(крај на
цитатот).
Слична
одредба се
наоѓа и во
Рамковната
конвенција
за
национални
малцинства
на Советот
на Европа.
Постоењето
на
население
кое се
препознава
себеси
како
македонско,
во етничка
смисла, во
овие
држави, е
всушност
признато
од неколку
искусни,
компетентни
и широко
прифатени
и познати
меѓународни
форуми и
нивните
тела,
сопственици
на
меѓународно
прифатени
механизми
за
мониторинг.
Дозволете
ми да
набројам
само две
од нив:
-Европската
комисија
против
расизам и
нетолеранција
на Советот
на Европа
и
-Европскиот
суд за
човекови
права,
Нивните
заклучоци,
препораки
и пресуди
се
задолжителни
за
членовите
на Советот
на Европа
и би
требало да
бидат
почитувани
и од
Грција и
Бугарија
како од
признати
демократски
држави,
членки на
сите
поглавни
меѓународни
организации
како и
актуелните
(Грција) и
идните
(Бугарија)
држави
членки на
Европската
Унија, чии
стандарди
треба да
служат
како
пример за
останатите
држави.
Ви
благодарам
Г-динМодератор
|