Отворено писмо До Почитуваниот
Од: Д-р Георгиос Накрацас
February 25, 2003
Read this
page in English | Read
this page in Greek
До Почитуваниот
Константинос Симитис
Премиер на Грција
Од: Д-р Георгиос Накрацас
Лекар и писател
Холандија
Ротердам,
3 мај 2003
Почитувани Господине,
Пред две години, како член на една меѓународна делагација, јас ја посетив Турција во знак на поддршка на турските писатели кои се прогонувани.
За време на оваа посета јас го посетив и домот на мојот татко, селото кое тој беше присилен да го напушти како бегалец во 1922г. Оваа трагедија беше последица на присилната размена на население, предложена и спроведена од владата на Елефтериос Венизелос- не од Турците како што грчката пропаганда тврди. Покрај се она што ние во Грција слушаме за турскиот вандализам, никој не ме спречи да допатувам во Турција, ниту пак да ја посетам земјата на моите прaдедовци.
Од неодамна ние сме сведоци на слободното движење на бегалците од Кипар, уште еднаш како резултат на Турска иницијатива.
За време на мојата неодамнешна посета на главниот град на Република Македонија, јас бев сведок на силните емоции кај децата од Граѓанската Војна 1946-1949, деца кои беа протерани од Грција за време на немирите и сега се средовечни луѓе исто како нас.
На овие луѓе им е негирано правото да се вратат во нивната родна земја, да се вратат во домот и нивите на нивните претци; на некои од нив дури им е негирано правото да ја посетат Грција.
Господине, дали мислите дека држењето на нашата земја, моментално Претсетадел на Европската Унија е хуманитарно држење што приличи на една модерна европска држава?
Јас Ви пишувам за да Ви ги пренесам очајот и протестот на Виножито, партија на нашите етнички Македонци. Писмово ќе биде испратено- на Англиски- до Европската Комисија до членовите на Европскиот парламент и општо до целата заедница.
Вашиот предан,
Д-р Георгиос Накрацас
E-mail: g.nakratzas@wxs.nl
(Macedonian Translation by Marija Skrekovski)
|