Билингвален знак (Македонски – Грчки)
Погоре е претставена фотографија на билингвален знак напишан на македонски и на грчки кој беше закачен пред канцеларијата на Виножито во Лерин/Флорина. Знакот беше отстранет со наредба од Јавниот обвинител, а канцеларијата беше запалена и уништена од страна на толпа предводена од градоначалникот а во која имаше и полицајци.
Наместо да поведе постапка против градоначалникот, полицијата и другите луѓе од толпата поради нивните насилнички акти, државата поведе постапка против четворица членови на партијата „Виножито“. Државата се повика на тоа дека истакнувањето на знак кој содржи три збора на македонски (јазикот кој Јавниот обвинител го именуваше како „словенски идиом“) била причината која го поттикнала населението на насилство. Единствените македонски зборови на знакот беа: „Виножито“ и „Лерински комитет“.