|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Соопштение за медиумите За манифестацијата се информиравме преку локалниот печат но и со стотици плакати што ги преплавија улиците на Лерин. На нив исто така беше напишано –очигледно за целиот настан да стане уште попривлечен –дека ќе има и бесплатно јадење и доделување на спомен плакети. И на крајот на, огласните плакати за да нема недоразбирања и за да не се забораваме, потсетување дека „Македониа е една и е грчка“. Сигурни сме дека големото мнозинство од грчките граѓани не ни знае што се национал-бранители ниту пак дека тие се уште постојат. Според грчкото издание на електронската верзија на енциклопедијата Wikipedia, „националната гарда е воена сила што се формира заради справување со вонредна национална опасност, вообичаено надворешна“. Освен тоа, според Законот 1295/1982 националната гарда се смета за „инструментална вооружена сила на грчката Армија“. Прашањата што произлегуваат од горенаведеното, се многу контрадикторни. Која е причината за постоењето на Батаљонот на Националната гарда на Лерин во 2008 година, во момент кога и во други слично национално „сомнителни“ региони (како што е тоа во Сапес Родопис) е разформира? Од што се плаши Грција? Од која „надворешна национална опасност“ ги брани именуваниот батаљон жителите на општината? Можеби од нив самите? Дали е информиран министерот за национална одбрана за активностите и за идеологијата на именуваниот батаљон и ако да, дали ги одобрува? Според која логика се бара од даночниот обврзник да плаќа за да се организираат борбени фиести со храна и малку национализам. Однапред знаеме дека овие прашања нема никогаш да бидат одговорени. Па сепак уште еднаш го повикуваме Министерот за Национална Одбрана и сите други грчки политичари кои со огромна дрскост и лицемерие ја обвинуваат Република Македонија за „иредентизам“ нека исфрлат еден поглед прво во својот двор. Само таму ќе го најдат вистинското значење на зборот. Канцеларија за печат на ЕСА-Виножито
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||