|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Писмо од Виножито до Д-р Кондолиза Рајс Д-р Кондолиза Рајс Државен Секретар Соединетите Американски држави 2201 C Street NW Washington, DC 20520 Почитувана д-р Рајс, Моето име е Павлос Воскопулос и јас сум член на Европската слободна алијанса - Виножито, политичка партија на етничкото македонско малцинство во Грција. Ви пишувам во врска со т.н. „спор со името“ меѓу нашата земја Грција и соседната земја, Република Македонија. Иако ние не сме директен предмет на тие дискусии и не сакаме да дејствуваме како „портпароли“ на Република Македонија, се чувствуваме обврзани да кажеме неколку збора во врска со тоа прашање. Негирањето од страна на грчката држава на правото на соседен народ и држава да се нарекуваат според името што го избрале за себе, индиректно влијае на нашиот македонски идентитет. Како членови на етничкото македонско малцинство во Грција, сметаме дека тоа е од клучно значење за нашиот национален идентитет и посебност. Уверени сме дека и ние исто така, треба да бидеме во можност слободно да го избираме нашиот идентитет, да го уживаме тоа право и да бидеме почитувани. Ако македонскиот индентитет се негира генерално, тогаш тоа е случај и со нашиот сопствен идентитет. За жал, такво негирање доаѓа од државата на која ние сме државјани. Правото на самоопределба и избирање на сопствен идентитет се базира на универзалните приниципи на почитување на човековите и малцинските права. Како што ви е познато, грчката држава го негира постоењето на македонско малцинство во рамките на нејзините граници. Покрај тоа, во согласност со Грчката националистичка идеологија, неколку грчки влади не го признаа постоењето на посебен македонски ентитет и македонскиот јазик. Веруваме дека со цел за да се постигне траен мир, добрососедски односи и солидарност помеѓу балканските земји, поголемите нации-држави, посебно Србија, Грција и Бугарија, мора конечно да се согласат со правото на македонскиот народ на целосна самоопределба и да ги почитуваат правата на етничките македонски малцинства во нашите граници. Во исто време, малцинствата на Балканот треба да ја отфрлат можноста да бидат инструменти за иредентистичка политика на државите, што за жал беше случај во последните децении, со војните во поранешна Југославија. Точно е дека кога меѓународната заедница сфати дека имало кршење на основните човекови права во војните во Босна и Херцеговина и во Косово, решително презеде акција и интервенираше со воени средства, во согласност со ОН. Целта на таа интервенција бече да се заштити локалното население, да се стабилизира реонот и да му се одржи „лекција“ на тоталитарниот режим на Милошевиќ во поранешна Југославија. Во случај со македонското прашање, сметаме дека меѓународната заедница може (во тој контекст исто така и ОН) да одигра клучна улога кога станува збор за мирот, стабилноста и иднината на регионот. За жал, грчката политика во последната деценија и повеќе, беше екстремно дестабилизирачка на балканскиот регион, прво со изразување подршка за режимот на Милошевиќ во деведесеттите години, и второ, со негирањето на правото на својата соседна земја, Република Македонија и народот, да го изберат сопственото име, односно својот идентитет. Таквото однесување за среќа немаше никакви негативни последици во однос на кохезијата и стабилноста на Република Македонија, благодарение на подршката од меѓународната заедница кон оваа релативно млада држава. Сепак, факт е дека грчката политика во последните 15 до 20 години индиректно беше „пречка“ на патот на Република Македонија кон европската и светската интеграција. Во тој контекст веруваме дека меѓународната заедница нема да ја направи гршката да ги подржи агресивните балкански национализми, во овој случај грчкиот национализам, со негирањето на македонскиот идентитет. Знаеме дека тој државен антагонизам на почетокот на минатиот век, заедно со негирањето на македонскиот идентитет од страна на балканските земји „го хранеше“ антагонизмот кој во тоа време имаше за цел територијална експанзија на балканските држави. За жал, меѓународната заедница ги подржа и не ја почитуваше волјата на македонскиот народ за национална еманципација, што би резултирала со создавање на македонска држава со посебен етнички национален идентитет. Како последица на таа балканска политика се случија многу проблеми и страдања, нешто што е документирано и опишано во меѓународните извештаи, како што е и извештајот на комисијата Карнеги. Искрено се надеваме дека историјата нема да се повтори. Од тие причини веруваме дека меѓународната заедница конечно треба да испрати јасна политичка порака во врска со постојаниот негативен став на нашата држава Грција во однос на Република Македонија. Веруваме дека тоа ќе помогне во задачата за започнување на прогресивна идеолошка реформа на грчката држава, всушност на грчкото општество, реформа која е суштинска за позитивноста и конструктивноста на грчката политика во регионот. Тоа е од посебна важност за мирот и стабилноста на нашиот регион, особено имајќи во предвид дека „југословенската криза“ доаѓа до крајот со претстојната одлука за идниот статус на Косово. Уверени сме дека САД дадоа значаен придонес кон постигнувањето на стабилноста во нашиот регион. Во тој контекст веруваме дека вие уште еднаш ќе одиграте позитивна улога во т.н. „спор со името“ и за прашањето за признавање на македонското малцинство во Грција. Со почит, Павлос Филипов Васкопулос (Авторот е член на Политичкиот секретаријат и член на Бирото на Европската слободна алијанса - Европска политичка партија)
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||