Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 



ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО ГРЦИЈА
Членка на Европската Слободна Алијанса – Европска Политичка Партија (ЕСА - ЕПП)
Членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Стефаноу Драгоуми 11 ТК.. 53100 P.O 51, Грција; Тел/Факс 0030 23850 46548
Вебсајт: www.florina.org; е-маил: rainbow@florina.org


Соопштение за медиумите



Во Европскиот Парламент се одржа успешна меѓународна панел-расправа за малцинствата во Грција

Македонското и турското малцинство во Грција непризнаени и игнорирани


Во четврток, 17 Април 2008, во Европскиот Парламент се одржа меѓународна панел-расправа на тема „Игнорираните малцинства во Грција: Турците од западна Тракија и Македонците“. Конференцијата беше посетена од голем број луѓе и доби значителен публицитет во медиумите во деновите пред нејзиното одржување.
Со конференцијата претседаваше г-инот Ханс Хајнрих Хансен, претседател на Федеративната Унија на европските нации (FUEN).
По воведните говори на г-ѓата Нели Маес, претседател на Европската Слободна Алијанса- Европска Политичка Партија, г-инот Халит Хабипоглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија (ABTTF) и г-инот Петрос Казиас, член на Централниот Совет на Европската Слободна Алијанса – Виножито, се одржаа следните предавања:

Г-ѓата Кинга Гал, европратеничка, заменик -претседавачка на Подкомитетот за човекови права, говореше за заштитата на малцинствата во Европа.

Проф. Д-р Ас. Халим Кавусоглу говореше за турското малцинство во Западна Тракија и жртвите на членот 19 од грчкиот граѓански код.

Г-инот Петрос Казиас од Европската Слободна Алијанса- Виножито одржа говор за македонското етничко малцинство во Грција.

Беше прочитана изјава од страна на европарламентарецот Ласло Токес во која тој предлага да ја преземе улогата на медијатор помеѓу претставниците на двете малцинства и грчката влада.

Г-инот Панајот Димитрас од Грчкиот Хелсиншки Монитор одржа предавање за толеранцијата на нетолеранцијата во однос на малцинствата во Грција.

Во своето излагање г-инот Борис Цилевич ги опфати стандардите на Европскиот совет и малцинствата во Грција.

По предавањата следеше интересна расправа во која беа изразени различни мислења и ставови.
Европската Слободна Алијанса- Виножито го изразува своето жалење што некои од присутните се обидоа да манипулираат со настанот заради свои лични политички цели.

Европската Слободна Алијанса- Виножито изразува големо задоволство што панел-расправата беше посетена од голем број европарламентарци, како и од претставникот на Постојаното Претставништво на Грција во Европската Унија.

Европската Слободна Алијанса- Виножито повторно ја повикува грчката влада да започне дијалог со претставниците на македонското и турското малцинство за дискусија на сите неразрешени прашања.

Конференцијата беше затворена со завршниот збор на Микел Ирухо Амезага, европарламентарец од Партијата на Зелените/Европската Слободна Алијанса.
Европската Слободна Алијанса- Виножито би сакала да му се заблагодари на г-инот Амезага и на неговите соработници за вложениот труд во организацијата на конеференцијата.

Канцеларија за печат на
ЕСА-Виножито

top of page

 

 

Watch Our Streaming Video Archive

Archive
  2008
2007
2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

Council of Europe
Framework Convention
for the Protection of National Minorities

Συμβούλιο της Ευρώπης
Σύμβαση Πλαίσιο για τηv
Προστασία των Εθνικών Μειονοτήτων

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International