Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 



ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО ГРЦИЈА
Членка на Европската Слободна Алијанса – Европска Политичка Партија (ЕСА - ЕПП)
Членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Стефаноу Драгоуми 11 ТК.. 53100 P.O 51, Грција; Тел/Факс 0030 23850 46548
Вебсајт: www.florina.org; е-маил: rainbow@florina.org


Соопштение за медиумите



Логиката на пар-непар наше е


Со соопштение што го циркулираа европратениците на Нова Демократија, за да ја осудат манифестацијата што се одржа на 17-ти овој месец во салата на Европскиот Парламент на тема непостоечките национални малцинства во Грција, „нагласуваат“ одредени точки кои, според наше мислење се интересни за коментар.

1. Според соопштението, во Грција се спроведуваат „мерки за заштита на човековите права на малцинствата што се предвидени со Меѓународното и Европското право и со Меѓународните конвенции“. Објаснувајќи што мислат, европратениците на Нова Демократија се повикуваат на Договорот од Лозана од 1923 година и тоа што овој Договор го предвидува за муслиманското малцинство во Тракија. Што се однесува за правата на националните малцинства во Грција во 2008, земја-членка на Европската Унија, повикувањето на Договорт од Лозана најверојатно е несоодветно, бидејќи тој повеќе се однесува на историјата на Европското право и на меѓународните конвенции, отколку на сегашната реалност. Доколку Грција сака да се европеизира и да престане да претставува фактор на нестабилност во регионот треба да ја ратификува, без објаснувачки изјави, Рамковната Конвенција за заштита на Националните Малцинства на Советот на Европа, што го потпиша во 1997. Исто така треба да ја потпише Европската Повелба за Малцинските јазици на Советот на Европа;

2. Во соопштението читаме: „Земајќи го во вид националниот состав на муслиманското малцинство во Тракија (Турци, Помаци и Роми), грчката држава гарантира“ и тн...
Во нивниот обид да ја негираат турската национална свест на муслиманското малцинство според вероисповед, грчките европратеници создадоа (да претпоставиме од невнимание) уште две национални заедници : Помаци и Роми.

3. Во соопштението се зборува за „грчки јазик што се зборува на југот од ПЈРМ“.
Бидејќи во последно време се почесто грчките гласила објавуват информации за постоење на грчко малцинство во Република Македонија, јавно ќе ги предизвикаме сите оние што заговараат такво нешто да именуваат барем едно населено место или барем едно маало надвор од грчките граници, каде што жителите зборуваат грчки. И за да завршиме конечно со митовите и интригите на грчкиот национализам, дополнително ќе побараме да ни покажат едно село северно од Костур, каде што грчкиот беше мајчин јазик на жителите во периодот 1912-1913, тогаш кога Грција ги припојуваше териториите на отоманска Македонија.

4. Грчките политичари, за да ја намалат политичката сила на Виножито, кое „истакнува дека го претставува македонското малцинство во Грција“ пишуваат дека на последните избори на кои учествуваше доби 1.139 гласови. Вистината е дека Виножито, како дел од македонското малцинство што живее во Грција, со мерки на електронска и печатена изолација и идеолошки тероризам, на последните избори за Европскиот Парламент доби 6.176 гласови.

На крајот сакаме да кажеме дека грчките граѓани, а особено оние кои ја претставуваат државата во западна Европа, добро би било да водат сметка за своите зборови. Бидејќи, логиката на „пар-непар наши се“, може да се врати како бумеранг, бидејќи ако се извртат грчките ергументи за 1.500-те „малцински Грци во Константинопол“ поради нивниот исклучително мал број (фракција, во однос на гласачите на Виножито) и на Договорот од Лозана, ќе бидат окарактеризирани како „двојазични христијани од Патријархијата во Истанбул“.

Канцеларија за печат на
ЕСА-Виножито

top of page

 

 

Watch Our Streaming Video Archive

Archive
  2008
2007
2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

Council of Europe
Framework Convention
for the Protection of National Minorities

Συμβούλιο της Ευρώπης
Σύμβαση Πλαίσιο για τηv
Προστασία των Εθνικών Μειονοτήτων

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International