Visit the FUEN Site Visit the EFA Site Political Party of the Macedonian Minority in Greece
 

 



ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО ГРЦИЈА
Членка на Европската Слободна Алијанса – Европска Политичка Партија (ЕСА - ЕПП)
Членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Стефаноу Драгоуми 11 ТК.. 53100 P.O 51, Грција; Тел/Факс 0030 23850 46548
Вебсајт: www.florina.org; е-маил: rainbow@florina.org


Соопштение за медиумите



Национал-социјалистичката дрскост на раководството на Перисос


По повод рaсправата во Европскиот Параламент, на тема „Непостоечките малцинства во Грција: Турците од западна Тракија и Македонците“ што ја организира Европската Слободна Алијанса - Европска Политичка Партија во четврток, 17 април 2008 , во соработка со Федерацијата/Сојузот на Турците од Западна Тракија во Европа и Европската Слободна Алијанса - Виножито (на македонското малцинство во Грција) и Федеративната Унија на европските нации - европратениците на Комунистичката партија на Грција, нејзниот секретар и весникот Ризоспастис, последниве денови се впуштија во напад против ставот на Европската Унија по прашањето за правата на националните и културните малцинства во Европа, а поконкретно против политиката на поддршка на „различните малцински групи или други групи на население со посебности“ во нашиот регион.
За Комунистичката партија на Грција, прашањето за постоењето или непостоењето на малцинства и заштитата на нивните права не е внатрешно прашање на секоја земја, прашање на еднаквост и демократско функционирање, туку предмет на преговори и договори меѓу националните држави.
До степен што Грција и Турција немаат потпишано договор за правата на турското малцинство во рамките на грчката држава, за комунистичката партија не постои ништо друго освен муслиманското малцинство во Тракија, според Договорот од Лозана.
Според истата логика, кога веќе Грција не признава и нема намера да принзае во иднина, национална македонска држава, не може да има и нема да има национално македонско малцинство во нашата земја.
Тука, Комунистичката партија ја открива националната политика на грчкиот политички систем во крајната фаза на македонското прашање. Настојувањето на герографската одредница се стреми кон бришење на националниот идентитет на соседната земја, што значи кон втемелувањето на „правото на законско државно негирање“ за постоење на малцинство, поврзан со „една непостоечка нација“.
Само што овие калкулации, се во спротивност со современата реалност и правото што владее во односите меѓу државите, толку на светско ниво, но пред се во западниот свет во чии што институции, за среќа, членува нашата земја.
Грција, како дел од европските настани, должна е еднаш да ги испочитува и групното и личното право на самоопределување на нејзините државјани што важи за „наивните Европјани“.
Кулминирајќи ја својата антимакедонска политика, раководството на Комунистичката партија на Грција, откако го измами народното барање, по политичкиот пресврт, за масовно и безусловно враќање на политичките бегалци, прифаќајки го исклучувањето на своите поранешни соборци, „на оние што не се грци по род“, што го испланираа Папандреу (Андреас, н.з.) и Гениматас, сега го отфрла и својот искинат „славомакедонски“ смоквин лист, квалификувајќи ја национално исправна формулацијата за „славофони грчки граѓани“.
Оттука натаму, Комунистичката партија на Грција, секоја дискусија за национални и културни малцинства и кршењето на нивните права ја смета за американско-европски „империјалистички прст“ што се стреми кон „создавање на резерви што ќе ја играат улогата на стражарници за уцени и нов масакр на Балканот“.
Партиската номенклатура што цврсто ги бранеше причините за делата на лидерите од типот на Брежњев, Јарузелски и Чаушеску, гулази и психијатриските мачилишта на Советите и надворешната политика на една суперсила, сега прекрстена во грчко-православната крстилница, има дрскост да зборува за „петти колони“, шпиони и заговори.
Да им кажеме на национал-социјалистите на КПГ дека нивното минато е толку оптоварено, а нивната сегашност толку недемократска што можеме да сметаме дека секое обвинување што ќе го упатат против нас, за нас претставува уште една потврда за исправноста на нашата политика.
И само уште да потврдиме дека Виножито, како дел од македонското национално малцинство што живее во Грција ќе продолжи да постои и да се бори за една голема мултикултурна и политички обединета Европа и покрај спротивните желби на бирократијата на Перисос.

Канцеларија за печат
на ЕСС-Виножито

top of page

 

 

Watch Our Streaming Video Archive

Archive
  2008
2007
2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1998
1997

Council of Europe
Framework Convention
for the Protection of National Minorities

Συμβούλιο της Ευρώπης
Σύμβαση Πλαίσιο για τηv
Προστασία των Εθνικών Μειονοτήτων

RAINBOW Party Newsletter

Macedonian News Site

Macedonian Culture & Heritage

Macedonian Human Rights Movement International