|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
EUROPEAN FREE ALLIANCE (EFA) Европската слободна алијанса (EFA) силно го осудува континуираното дестабилизирачко и непријателско однесување на Грција Европска слободна алијанса - Соопштение за медиумите Грчката одлука за вето на иницијативата Република Македонија да му се приклучи на НАТО е неодговорен чин мотивиран од одбивањето да се признае постоењето на посебен македонски етнички идентитет во Република Македонија, како и во Грција. Европската слободна алијанса (EFA) силно ја осудува минатонеделната грчка одлука за вето на поканата за влез на Република Македонија во НАТО. И покрај тоа што EFA е шокирана од грчката одлука сепак тоа за неа не претставува изненадувачки чин. Минатонеделната срамна одлука за вето на Република Македонија е само продолжение на дестабилизирачкото однесување на Грција во Југоисточна Европа. Грчката одлука беше неодговорен чин мотивиран од одбивањето да се признае постоењето на посебен македонски етнички идентитет во Република Македонија, како и во Грција. Овој неодговорен и непријателски чин од страна на Грција не е во согласност со принципите кои би требало да ги промовира една Европска држава. Одлуката на владата на Караманлис да го спречи влезот на земјата во евроатлантските структури поради апсурдна забелешка за вистинското име на оваа земја е многу неодговорен и антиевропски чин. Општопознато е дека причината за ваквото однесување на Грција лежи во континуираното и бесрамно одбивање да се признае Македонскиот идентитет во Грција и пошироко. Без сомнение, грчкото агресивно однесување во однос на ова прашање не претставува нешто ново за EFA. За време на својата работна посета на Грција во 2006 година, EFA беше сведок на неприфатливата грчка политика на непризнавање на постоењето на Македонски етнички идентитет во земјата. EFA продолжува да ја набљудува одблизу ситуацијата во Грција и е добро запознаена со фундаменталното антидемократско однесување на грчката држава во однос на партијата членка на EFA, Европската слободна Алијанса - Виножито. EFA прашува дали грчкото декларирање дека во земјата не постојат македонско и турско малцинство е во согласност со „духот и принципите на демократијата, фундаменталните слободи и почитувањето на човековите права и достоинство“, кои што Грција има ветено дека ќе ги почитува? Дали одбивањето на грчките судови, во повеќе наврати во текот на минатата деценија, да регистрираат културни здруженија што ги содржат зборовите „македонски“ и „турски“ во нивните имиња е во согласност со Европската конвенција за заштита на правата и фундаменталните слободи, чиј потписник е Грција? Дали законската забрана за враќање на македонските политички бегалци од Грчката граѓанска војна во Грција (видете го законот 106841 што им дозволува на оние што се Грци по гени да им се врати државјанството и законот 1540 од 1985 година со кој се дозволува на оние што се Грци по гени да им се врати имотот) , која во континуитет се спроведува од страна на грчката држава, е во согласност со Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, која Грција ја има потпишано? Време е ЕУ да направи нешто повеќе во однос на овие прашања. Да се биде ’обединет во разновидноста‘ не смее да биде само декларативно. ЕУ мора да биде ’обединета во признавањето на разновидноста‘. Добар почеток би бил да се побара од Грција да се однесува како европска земја од 21-от век и да ја прекине својата срамна и дестабилизирачка политика во однос на македонското прашање. Во практика, тоа значи признавање на името на Република Македонија и признавање на македонското и другите малцинства во Грција.
|
Watch Our Streaming Video Archive
Experimental web radio of Vinozhito - Rainbow
Συμβούλιο της Ευρώπης
|
|||||||||||||||||||